Шкртел падна како покосен на тревата, соиграчот Дуда и лекарите спречија трагедија на теренот

Словачка го доби мечот против Тајланд со 3:2, но една ситуација ги заледи срцата на сите присутни на теренот, откако гостинскиот капитен падна како покосен на земјата. По еден удар со топката во глава, Шкртел ја загуби свеста и го голтна јазикот, а брзата реакција на еден од соиграчите во соработка со лекарите кои веднаш притрчаа на теренот спречија голема трагедија.