Мајсторија која никогаш нема да ја заборави: Млад Уругваец постигна страшен акробатски погодок, соиграчите се фаќаа за глава

Новото магично и фантастично фудбалско ремек дело ни доаѓа од Уругвај, а е дело на младиот 19 годишен напаѓач на Пењарол, Агустин Канобио кој на средбата против Рампла Јуниорс во домашниот шампионат постигна погодок кој ќе го памети додека е жив. Тој ја најави победата на фаворитот во 3 минута со страшен акробатски погодок кој ги шокираше и неговите соиграчи кои се фаќаа за глава. Потоа ветеранот Макси Родригез го зголеми водството на 2-0 во 17 минута, додека гостите во вториот дел стрелаа од пенал за конечни 2-1.