Груевски: Ме држат секој ден во судот за да не бидам во парламентот

Експремиерот Никола Груевски, по денешното одложено рочиште за предметот „Тенк“ за набавка на „мерцедесот“, повтори дека станува збор за политички, а не за правен процес. Тој рече дека и минатата недела, и оваа и следната тој секој работен ден е на судења со единствена намера да не биде присутен во работата на Собранието. „Нè држат цели денови, не можам да бидам присутен во парламентот“, рече Груевски.