Очевидци снимија борба на живот и смрт меѓу лавови и слон

Посетители на националниот парк Литл Макололо во Зимбабве биле сведоци на борба меѓу три лава и слонче, а нивната снимка деновиве е објавена на социјалните мрежи.Според еден од очевидците на оваа исконска борба за преживување, слонот го забележал лавот којшто се приближувал и гласно „затрубил“ со сурлата, но тоа не го исплашило предаторот, кој се нафрлил на својата жртва и се обидел да ја собори на земјата. Слончето не успеало да се заджри на нозете, затоа што било повредено во нападот.