Министерство за транспорт: Не викнавме трубачи на автопатот Демир Капија-Смоквица

Министерството за транспорт и врски денеска преку соопштение категорично се оградува од секаква активност и вклученост поврзана со информациите дека вчера за време на свеченото отворање на автопатот Демир Капија-Смоквица била организирана музичка забава. „Сакаме да ве информираме дека ниту Министерството за транспорт и врски ниту друга државна институција не е организатор на каква било забава“, се наведува во краткото соопштение.