Муареми: Пријавените ја платија штетата од 433 илјади евра на општина Центар

Ексградоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ и другите двајца осомничени за малверзации при изградбата на мостот „Око“, ја надоместиле штетата на општинскиот буџет, за која е поднесена пријава против нив од страна на Управата за финанасиска полиција. Како што соопшти директорот, Арафат Муареми, станува збор за сума од околу 433 илјади евра.