Огромна пајакова мрежа прекри брег во Грција

Топлите временски услови во западна Грција создадоа спектакуларна и малку страшна глетка: пајакова мрежа долга околу 300 метри. Огромна површина со тревна вегетација и палми во лагуната во местото Аитолико е покриена со пајажина, пренесува порталот Daily Hellas. Жителите велат дека ваков феномен досега не виделе.