Афера „Банки“ – истраги за неколку банки за перење пари

Сопственици на неколку македонски компании обвинуваат дека се оштетени од Комерцијална банка и други банки за милионски износи преку измама и злоупотреба. Полицијата поднесе две кривични пријави до Обвинителството за случајот „Банки“. Едната во 2012 година, другата во 2017. Бирото за јавна безбедност детаљно опишало на десетици страници како била правена шемата со банкарските заеми и како меѓу себе се поврзани лицата осомничени во аферата.