Филипче: Додека да се направи новиот Клинички, инвестираме таму каде што е најкритично

Информациите дека се разгледува можноста Детската кардиохирургија да биде префрлена во приватната болница „Филип Втори“ на Жан Митрев во јавноста роди големи полемики во однос на тоа дали ова значи деградирање на јавното здравство и стимулирање на лекарите да преминуваат во приватниот сектор. Најавата за можно јавно-приватно партнерство меѓу јавното здравство и приватна болница за првпат се случува во Македонија. Во интервју за „Макфакс“, министерот за здравство, Венко Филипче, објаснува на кој начин би течел процесот на јавно-приватно партнерство.