Бојан Јовановски: 1ТВ во иднина ќе ја остави конкуренцијата далеку зад себе

Бојан Јовановски, сопственик на 1ТВ вели дека 1ТВ во иднина ќе се трка самата со себе: "Мојата животна желба беше телевизија. Сум работел во многу телевизии, се сметам за телевизиско дете. Сфатив дека газдите немаат врска што е телевизија, дека можам да покажам што е тоа и да ја изберам вистинската екипа" вели Јовановски. "Мора да постојат црвени линии – тоа го има и на логото на 1ТВ кое јас го осмислив. Овде сум од сабајле во вечер, сум го смислил секое делче од сценографијата, горд сум на тоа што 1ТВ со програмата ги претрка турските серии на другите телевизии", додава популарниот Боки 13.