Демонстрантите до пратениците: Не ја силувајте државата, избрани сте од народот а не од Заев

Граѓаните кои протестираат пред Собранието на Република Македонија на пратениците им порачаа дека нема основ да бидат изгласани уставните промени и дека она што се прави во законоданиот дом е силување на нацијата и државата што во ниту еден случај не смее да помине.„На пратениците треба да им влезе во глава дека се избрани од народот, а не од Заев и СДСМ и треба да мислат добро за народот и оваа држава.Нема основ да се разговара, преговара и на да се носат одлуки за промена на уставот. Ова е силување на нацијата, на државата и на никој начин не смее тоа да се одобри и помине“, велат демонстрантите.