Комисијата за политички систем даде зелено светло Петров да собира потписи за нов референдум

Со 8 гласа „за“ и еден „воздржан“, Комисијата за политички систем ја прифати иницијативата на Тодор Петров за собирање потписи за распишување нов референдум за името со прашањето: „Дали сте за Република Северна Македонија“.Подносителот на иницијативата за нов референдум рече дека со иницијативата граѓаните ќе ја проверат претходно донесената одлука на Собранието на 11 јануари за промена на името во Северна Македонија.