Извадил мачета на железничка станица, а потоа полицијата го совлада со електрошок

56-годишен маж утрово бил уапсен во Лондон, откако на железничка станица извадил мачета. Тој бил совладан со електрошокер по брзата реакција на полицијата. За среќа, во инцидентот немало повредени.