Пародија на УМС: Дали кучето Џеки Стојчевски е примено во граничната полиција?

Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп преку пародија ги исмеа партиските вработувања и непотизмот во власта. „Македонската јавност вчера сведочеше за непотизам од огромни размери, какви што не се паметат во нашата држава. По изнесените информации во медиумите за наводно вработување на синот и братот на пратеничката Мира Стојчевска, на интернет-порталите излезе информација за наводно вработување и на нејзиното куче.