Најспектакуларните забивања на Ол-старот во Шарлот: Бруталниот Адетокумбо, моќниот Леброн, летечкиот Кари…

Во изминативе неколку денови бевме сведоци на уште еден спектакл во НБА лигата, Ол-стар викендот во Шарлот кој донесе многу интересни натпревари, битки, атракции, моменти кои ќе се паметат. Сепак, и овојпат забивањата оставија најголем впечаток без разлика дали станува збор за дуелот на „ѕвездите во подем“, натпреварот во забивања или Ол-стар битката меѓу тимовите на Јанис и Леброн.