Езеро или пластика – моќна уметничка порака на брегот на Дебарското Езеро

Уметничка инсталација именувана „Езеро или пластика“ посветена на загадувањето на водените површини со пластични шишиња е изработена на брегот на Дебарското Езеро. Станува збор за т.н. „ленд арт“, односно поставки што се изработуваат со материјали кои можат да се најдат во самата околина во која истите се направени, односно природни материјали како камења, трева и сл.