Трамп се налути бидејќи Болдвин го прикажа како плачлив лутко

„Неверојатно е што луѓе без никаков талент и чувство за хумор од недела до недела удираат по мене, без да ја слушнат другата страна од приказната. Можеби треба да почнам федерална истрага“, порача американскиот претседател Доналд Трамп (72) во популарното шоу Saturday night live. Претседателот беше лут затоа што не му се допадна како актерот Алек Болдвин (60) го имитираше пред милиони Американци. Во шоуто,Трамп е прикажан како плачлив параноичен лутко кој секогаш е подготвен да се кара, а Трамп никако не се пронаоѓа во тој опис.