Одговори на непријатно прашање: Јас сум најдобар, па Џордан, па ЛеБрон

Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, гостувајќи кај Џејмс Корден во „Најт најт шоу" требаше да одговори на едно непријатно прашање. Прво не сакаше да одговори, но кога виде дека треба да јаде јазик од крава, легендарниот кошаркар рече: "Во ред, во ред. Јас сум најдобар, Мајкл Џордан е втор најдобар, Леброн Џејмс е трет“.