Анкета: Не ги читаме програмите, ама знаеме за кој ќе гласаме

Граѓаните скептични во однос на програмите и ветувањата на политичарите во изборната кампања. Повеќето од нив во анкетата на „Макфакс“ изјавија дека не ги прочитале програмите на тројцата претседателски кандидати, но запознаени се со она што го нудат од рекламните спотови во медиумите. Велат дека ветувањата им се одлични, но само додека се соберат гласовите, кога ќе седнат на функциите, забораваат на она што го кажале.