Хорор сцени во африканската Лига на шампиони: Голманот заработи двојна скршеница, сите остана занемени

На натпреварот од четвртфиналето од африканската Лига на шампионите помеѓу Хороја и Видад Казабланка се случи немил инцидент кој го обиколи целиот свет. Имено, голманот на клубот Кадим Ндијае при еден судир со својот соиграч претрпе двојна скршеница на ногата по што го чека долга пауза. Сите присутни на стадионот останаа во неверување по немилиот настан кој се случи во самиот финиш на натпреварот.