Змија излегува од клима уред и го лови својот плен

Обично видеата од страшни змии ни доаѓаат од Австралија. Сепак, ова доаѓа од Кина, и малку е пострашно од останатите. Причина за тоа е фактот што дома сите имаме клима уреди, па помислата дека можеме да видиме како змија излегува од уредот за да улови глушец, дефинитивно ја замрзнува крвта во вените.