Кошаркарскиот робот на „Тојота“ стана Гинисов рекордер

Компанијата „Тојота“ влезе во Гинисовата книга на рекордите, беше објавено на нивниот официјален блог, но ваквото достигнување нема никаква врска со производството на автомобили. Во 2017 година инженери од јапонската компанија решиле дека би било забавно да го искористат своето слободно време за изработка на кошаркарски робот кој би можел да погоди кош од секој обид.