На овие крадци им се смее цел интернет

На интернет кружи урнебесна снимка од тројца крадци кои уште во април 2019-та година ограбиле една продавница со накит во северен Лондон. На снимката се гледа како еден крадец се обидува да побегне од продавницата, но продавачката го стиснала тастерот за заклучување на вратата и потоа побегнала во тоалет каде се заклучила и повикала полиција.