Памела Андерсон со 5-от сопруг била во врска пред 30 години! (видео)

Памела Андерсон по кратка и тајна романса тајно се омажи за продуцентот Џон Петерс, пренесуваат американските медиуми. 52-годишната Плејбој зајачица и актерка и 74-годишниот филмски продуцент, наводно, се венчале во Малибу, а нивните деца присуствувале на церемонијата. "Тој секогаш беше за мене и никогаш не ме изневери. Сега сум подготвена и тој е подготвен. Ние се почитуваме еден со друг и се сакаме безусловно. Среќна сум. Ова е доказ дека Бог има план", вели Памела.