Костадинов: Донесен е законот за ЈО, извршителот Мицкоски не успеа да го спаси својот шеф Груевски

Oгромното мнозинство во парламентот постигна историска победа врз криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ. Нивната намера да го амнестираат партискиот криминал пропадна. Не успеа обидот на извршителот Христијан Мицкоски да го спаси од одговорност неговиот шеф Никола Груевски. Граѓаните со право се незадоволни од состојбите во судството, но и ние во СДСМ сме незадоволни од испорачаното во делот на правдата.