Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР, без одлука на Владата

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат во „Службен весник“ поништил 124 решенија за распоредување во МВР оти за нив немало одлука на Владата, рече денес техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. Тој на прес-конференција пред Јавното обвинителство побара што побргу Обвинителство да направи истрага, да ги обезбеди доказите за фалсификатот, со што ќе спречи бришење, уништување или прикривање на доказите.