Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, познат како Радникот, но дека тој му дал да потпише изјава со која ќе признае дека извршил убиство и дека треба истото да го каже пред судот.