За време на посетата на фабриката на „Форд“ во Мичиген, американскиот претседател Доналд Трамп одби да носи заштитна маска, иако тоа е задолжително за сите кои влегуваат во некаков јавен простор во земјата. На прашањето зошто не носи заштитна маска пред камерите, Трамп одговори дека „не сака на медиумите да им дозволи да уживаат гледајќи го со маска“.