Наместо молитва, од турска џамија ечи песната „Бела чао“

Системот за повикување на молитва во џамија во турскиот град Измир бил хакиран, па некој на разгласот ја пуштил песната „Бела чао“. Од обвинителството во градот веќе отворија истрага со цел да се утврди кој стои зад пуштањето на италијанската песна наместо молитвата во верскиот објект.