Кучиња-душкачи откриваат заразени со коронавирус

Школа за обука на кучиња во Техеран, во соработка со иранската армија и властите, тренира кучиња за откривање на луѓе заразени со новиот коронавирус. Школата добила примероци од вирусот од различни болници, а во 65,4% од случаите кучињата погодувале кои лица се позитивни, а кои негативни.