Видео: Позади 12-годишник во шума наеднаш се појавила мечка - момчето стана хит поради реакцијата

Средбата се случила пред два дена, кога 12-годишниот Алесандро Франзои со своето семејство планинарел во близина на селото Спорминоре во северна Италија. На снимката се гледа како мечката наеднаш излегува од шумата позади момчето кое полека го одминува животното.