Кимих за својот најубав гол во кариерата: Сите знаеме што прави Бурки

Кимих со шмекерски удар го лобуваше Бурки и го надмудри првиот голман на „милионерите“, а по крајот на дербито, посочи дека токму ова била неговата намера. – Знаеме што прави Бирки на голот, знаеме дека сака да биде доста понапред од гол линијата. Ова е најубавиот гол во мојата кариера и исто така е многу важен. Сите знаат колку се важни овие поени и сега имаме комотно водство на табелата. Ментално ќе биде многу тешко за Борусија, но не е крај. Треба и ние да ја довршиме работата на следните мечеви, – порача Кимих.