Нова снимка од апсењето и убиството кое ја шокираше Америка: Ова јасно покажува дека полицијата лаже!

Новата снимка која ја објави “CBS Evening News” јасно го прикажува апсењето на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој почина откако полицаецот Дерек Чавин со колено му го имаше притиснато вратот пет минути. Имено, на снимката може да се види дека Флојд воопшто не им дава отпор на полицајците, што е спротивно од изјавата на портпаролот на полицијата кој тврдеше дека Флојд давал отпор при апсењето.