Точка ТВ: Угостителските објекти повторно отворени - еве како денеска изгледаше еден скопски локал

Денеска, после 75 дена повторно се отворија угостителските објекти, со мерките кои ги препорача владата за непречена работа. Имено, денеска бевме во посета на еден од скопските локали, „Бистро Бар Барбакан“, за да видиме одблизу што се случува, на кој начин функционираат угостителските објекти, дали има интерес од граѓаните и колку новите мерки влијаат на нивната работа.