Залутаа во двор од куќа, па решија да се разладат: Погледнете како овие мечки уживаа во базенот...

Семејство на мечки залута во двор на куќа, па одлучија да го искористат полниот базен за да се разладат. На мечките очигледно им било топло, па оазата во вид на вештачки базен за нив беше вистински празник. Камерата за видео надзор сними како најпрвин големата мечка пристигна кај базенот и веднаш се фрли во водата, а потоа пристигнаа уште две мечки.