Судири и во Бразил: Се судрија поддржувачите и противниците на Болсонаро

Бразилската полиција употреби солзавец за да ги раздвои поддржувачите и противниците на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро кои се судрија на улиците на Сао Пауло.Неколку стотина навивачи на фудбалски клубови протестираа во неделата против Болсонаро во бразилскиот град, а за време на протестниот марш извикуваа „демократија“. Набрзо потоа дојде и до сериозни инциденти откако се појави и група на поддржувачи на претседателот Болсонаро, а некои членови на групата носеле и неонацистички знамиња.