Протести во Лондон и Берлин: Немирите поради смртта на Афроамериканецот преминаа и во Европа...

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија беа одржани протести како поддршка на демонстранциите во САД кои избија поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Лондонската полиција соопшти дека биле уапсени 11 демонстранти, а до апсењето дошло поради напади на полициски службеници или носење на оружје. Покрај Лондон, се протестираше и во Манчестер и Кардиф, а протести беа одржани и во Франција, Германија и Данска.