Автопилотот на "Tesla" не го детектирал превртениот камион и се забил во него со брзина поголема од 100 км/ч.

На интернет се шири видео запис снимен од една надзорнa камера во Тајван, кој прикажува како "Tesla Model 3" се забива во превртен камион на автопат. За среќа, во оваа несреќа никој не настрадал, па дури ни возачот на автомобилот кој при брзина поголема од 100 км/ч. се забил во камионот.