Поради убиството на неговиот татко гори Америка: Синот на Џорџ Флојд испрати силна порака

Синот на убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд вчера одржа говор на местото на смртта во Минеаполис и побара правда. Квинси Мејсон Флојд, син на убиениот Џорџ Флојд им се заблагодари на новинарите и демонстрантите и изјави дека пристигнал на местото каде што бил убиен неговиот татко од страна на полицијата „во обид да дојде до правдата“.