Солзавец и молотови коктели пред американската амбасада во Атина поради убиството на Џорџ Флојд

Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот во близина на американската амбасада во Атина поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Маршот кој го организирале левичарски групи тргнал од плоштадот „Синтагма“, а завршил пред зградата на американската амбасада. Според грчките медиуми, на протестот учествувале околу 3 илјади граѓани.