Само неколку часа пред карантин: Испливаа фотографии од големиот метеж на патарините за излез од Скопје

„Прогласуваат карантин од три дена и пола СК бега надвор. На излез од Ѓорче мислиш масовна евакуација. Мерки? Полициски час? Закон? Тешко тој народ што го трпи ова, плашете се од нив“, „Чаир отиде за Струга... !!?“, „Испазарија во Скопје и тргнаа по Македонијава. Барем да оставеа нешто за нас што ќе гувееме овде“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.