Видео: Теа Трајковска ја објави новата песна „Сенки“

Пејачката Теа Трајковска вчеравечер преку социјалните мрежи го промовираше својот нов сингл со наслов „Сенки", за кој сними и доста интересен видеоспот. Теа и овојпат соработуваше со познатиот композитор Лазар Цветковски, кој беше задолжен за музиката и аранжманот, додека пак текстот е нејзино дело. За видеоприказната за новата песна, познатата пејачка довербата им ја даде на режисерите Томи Акимовски и Горан Симјановски, додека пак за нејзиниот изглед се погрижија Мите Занов, Даниел Николовски и Дарко Петковски.