Попов откри дека имал урнебесна средба со Лампард: Ти си оној што го плукна….

"Јас му пријдов на Лампард, му реков „здраво“ и му се претставив. Најпрво не ме позна, но му кажав дека играв за Вест Бромвич Албион и дека бев репрезентативец на Македонија. Потоа се сети и ми кажа, ти си оној кој го плукна Вокер. Имавме разговор од две три минути и направивме фотографија, – со насмевка открива Попов чија кариера во Премиер лигата најмногу ќе се памети по инцидентот со тогашниот десен бек на Тотенхем.