Ѓоковиќ и неговите победи: 36 Мастерс титули за 36 секунди

Првопласираниот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ успеа победнички да го затвори АТП турнирот во Рим. Ѓоковиќ во завршниот натпревар беше подобар од големиот борец Диего Шварцман со 2-0 во сетови и на тој начин дојде до петтото славје во италијанската престолнина. Ова воедно за Србинот беше 36. Мастерс титула од серијата 1000 со што е сега е нов рекордер, осамен во врвот, односно го остави зад себе големиот ривал Рафаел Надал (35). Ова се сите победи, трофеи на Ѓоковиќ на Мастерс турнирите-36 титула за 36 секунди.