Извикал „За*би го Коби“ на прославата на титулата на Лејкерс, па добил жесток ќотек од навивачите

Во неделата, улиците на Лос Анџелес биле преполни откако Лос Анџелес Лејкерс ја освои 17-та титула на прваци во НБА лигата. Само пред Стејплс центарот се собрале повеќе од 1000 луѓе кои, помеѓу останатото, го скандирале и името на покојната кошаркарска легенда Коби Брајант. Но, на местото се затекнал и некој кој се дрзнал да го навреди загинатиот кошаркар и наводно извикал „За*би го Коби“ (F*ck Kobe), а навивачите не му го простиле тоа. Тие веднаш го бутнале несреќникот на земја и започнале да го тепаат.