На денешен ден засекогаш се промени историјата на фудбалот: Уште беше дете и на грбот го носеше бројот 30, а денес е фудбалски маестро

На денешен ден, 16 октомври 2004 година, Лионел Меси дебитираше за првиот тим на Барселона. Се играше 84-та минута од натпреварот кога Лео влезе на теренот со бројот 30 на грбот, заменувајќи го Деко во натпреварот против Еспањол. Тој имаше само 17 години и 22 дена и со тоа стана најмладиот дебитант во историјата на Барселона, а неодамна тој рекорд го сруши Ансу Фати, новиот бисер на „Ла Масија“. Од тој ден до денес, Меси имаше константна еволуција како играч.