Еибар доби пенал против Атлетико, Облак совладан од најнеочекуваниот избор на домаќините

Еибар и Атлетико Мадрид вечерва играат заостанат натпревар од шпанското фудбалското првенство, а домаќините водеа, пред Атлетико да израмни пред крајот на полувремето. Баскијците брзо стигнаа до предност, односно во 12. минута реализираа пенал со кој го отворија резултатот, создавајќи му поголеми проблеми на тимот предводен од Диего Симеоне. Она што беше невообичаено е што пеналот го изведе голманот Марко Дмитровиќ.