Неверојатни сцени во Холандија: Демонстранти се судрија со полицијата поради полицискиот час, користени водени топови и солзавци

Група на демонстранти против полицискиот час и останатите рестриктивни мерки во Ајндховен се судри со полицијата и ја нападна со камења и други тврди предмети, а полицијата возврати со водени топови и солзавец, додека 30-тина лица завршија зад решетки.