Многу емоции, искрени приказни, необични сведоштва во неколкуминутно видео посветено на Тоше Проески

Во чест на неговиот роденден, направивме кратко документарно видео во кое неколку познати личности зборуваа за дружбата и соработката со него. Актерот Васил Зафирчев, кој заедно со Весна Петрушевска ја водеше последната емисија во која гостуваше Проески, „Вртелешка“, првпат после смртта на пејачот јавно зборува за миговите поминати со него. Слушнете што нѝ открија и Бени Шаќири, Александра Јовановска и Антониа Гиговска.