Чуден избор на Бразилецот: Нејмар ја состави најдобрата единаесетка во историјата на ПСЖ, Буфон е на голот

Чуден беше изборот на напаѓачот, имаше звучни имиња, меѓутоа колку од нив оставиле печат во ПСЖ за да биде во топ изборот е знак прашалник. Најдобар пример за тоа е што го стави Џанлуиџи Буфон на голот иако тој мина само една година на „Паркот на Принцовите“ и одигра 25 мечеви.